„Кралот Трефилов“ го покори женскиот ракомет: Раководам со најубавата репрезентација! (ВИДЕО)

По освојувањето на Светското првенство во 2009, Русија едноставно се изгуби од мапата на ракометна Европа. Вчерашниот успех ја врати Русија на врвот, а најголема заслуга за ова оди на сметка на стратегот на руската селекција – Евгениј Трефилов. Човекот кој креваше прашина во рускиот ракомет со својот остар тон, физичките напади на ракометарките и интересните изјави, тоа однесување го чинеше и селекторско место, но Русите навреме забележаа дека нема да можат без него и „тиранинот“ повторно го седнаа на селекторското столче. Останатото е историја, а Русија го носи дома првиот ракометен златен медал од Олимписките игри.

Рускиот портал rsport.ru направи интересно интервју со неповторливиот Трефилов веднаш по освојување на турнирот во Рио, а тој во свој стил имаше неколку интересни одговори.

-Вe нарекуват “кралот Трефилов”. Како ви се допаѓа прекарот?

Знам за прекарот, бидејќи подолго време вака ме нарекуваат и тоа е нормално.

– Но вие сега сте “AС”?

Што е со Вас? Каков “Ас”! – одговори Трефилов со огромна насмевка.

– Кажете нешто добро за вашата екипа.

Знаете, кога ќе погледнам наоколу, мислам дека раководам со најубавата репрезентација. Нашите девојки – се најубави и најдобри. Но, ова ви го кажувам само денеска бидејќи веќе утре повторно треба да започнеме да работиме.

По четвртфиналниот дуел Трефилов го замолија да одговори дали обрнал посебно внимание на корпулентата анголската голманка, која имаше одличен турнир. А Русинот во свој стил одговори „Да би се женел по втор пат ќе обрнев внимание.“ Сега таа сигурно жали за својата изјавата за слабеењето, за да може да влезе во венчалниот фустан…

Го сакале или не, единствениот селектор на златната „зборнаја“ е човекот на рускиот ракомет. Без него Русија се сведува на просечност, а олимпискиот медал сјае посилно од сите негови недостатоци. Kако изгледаше атмосферата во соблекувалната по доделувањето на медалите, можете да погледнете во продолжение. Расположениот руски селектор славеше со ракометарките, а слават и сите љубители на ракометот.