Која е најдобрата седморка од олимпискиот турнир?

Данска е новиот олимписки победник. Франција мораше да се задоволи само со второто место, а Германија ги комлетираше добитниците на олимписки медали во машкиот дел од ракометниот турнир. Веќе традиционално ИХФ го објави Ол-стар тимот на олимпискиот турнир во Рио, најкорисниот играч и најдобриот стрелец.

За МВП на турнирот е прогласен данскиот репрезентативец Микел Хансен, a место меѓу најдобрите седум имаше за:
Голман: Никлас Ландин Јакобсен (ДАН)
Лево крило: Уве Генсхајмер (ГЕР)
Лев бек: Микел Хансен (ДАН)
Централен бек: Никола Карабатиќ (ФРА)
Десен бек: Валентин Порте (ФРА)
Десно крило: Ласе Сван (ДАН)
Пивот: Седрик Сореиндо (ФРА)

Најдобар стрелец е полскиот бек Карол Биелецки со постигнати 55 гола.