Кочетова ја продолжува кариерата

Иако по завршувањето на сезоната беше најавено дека Анна Кочетова ја завршува својата кариера сепак таа се одлучи на поинаков чекор и најмалку уште оваа сезона љубителите на ракометот ќе ја имаат можноста да уживаат во нејзината игра.

Кочетова дури и го одигра својот прв натпревар оваа сезона со настапот во рускиот суперкуп каде што нејзината екипа беше поразена од Звезда Звенигород но сепак Кочетнова беше носител на играта запишувајќи се во листата на стрелци 4 пати.

Нејзиниот следен настап е закажан за 14 септември кога Динамо на домашен терен во првото коло повторно ќе ги одмери силите со екипата на Звезда Звенигород.

10592780_775937009143197_7020150483245120528_n
Руски суперкуп Фото: Виктор Лебедев