Костески: Ова не е задоволителен резултат, амбициите ни беа многу поголеми

Еден од најефикасните ракометари на овој шампионат, Ненад Костески после натпреварот против Аргентина на кој Македонија победи со 29:26 и успеа да го освои 13. место изјави дека не е задоволен од пласманот бидејќи исто како и неговите колеги очекувал многу повеќе на првенството.

„Според мене ова не е задоволителен резултат. Бевме домаќини и амбициите ни беа поголеми. Многу лошо го отворивме ова Светско првенство против Аргентинците кои денеска успеавме да ги добиеме. Почетокот ни беше навистина лош, а растевме од натпревар во натпревар. Го дадовме најдоброто против Португалците, но на тој меч нè не посака среќата“, рече Костески после натпреварот со Аргентина за 13. место.

Она што денеска го прикажаа беше далеку подобро од нивото на кое беа на стартот од првенството кога беа поразени исто така со три разлика од селекцијата на Аргентина..

„После вчерашниот натпревар кој го загубивме со Аргентина најдовме сили. Ги кренавме главите горе и успеавме да го дадеме максимумот. Го одигравме далеку подобро овој натпревар во однос на претходните и можам да кажам дека лесно победивме. При крајот имавме малку проблем кога Аргентинците се вратија, но на крајот успеавме да дојдеме до триумф и да завршиме на 13. Место на ова СП“, изјави Костески