Костески за 24Ракомет: Понудата од Загреб не смеев да ја пропуштам (ВИДЕО)

Десното крило на кадетската и сениорската македонска репрезентација, Ненад Костески, беше ракометарот со најдобар процент на реализација во нашиот состав на Мундијалот во Скопје.

Тој во новата сезона ќе има прв интернационален предизвик и по одличната сезона во неговата Струга, ќе заигра за хрватскиот првак Загреб.

“Добив понуда од Загреб што не смеев да ја пропуштам. Мислам дека можам многу да напредувам во овој тим и ќе имам од кој да учам”, вели Костески. 

За настапот на СП, за очекувањата од новиот клуб, погледнете во краткото интервју на 24Ракомет ТВ…