Констанца ја освои 9-та титула во Романија!

Екипата на Констанца која ја води поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски и во чии редови настапува Бранко Ангеловски, успеа да ја освои својата 9-та титула во Романското ракометно првенство.Тие во финалениот двомеч беа поуспешни од екипата на Бакау која на првиот натпревар на домашен терен успеаа да ја победат со +9 голови разлика, а во реваншот беа поразени со (19:24) што беше доволно да дојдат до својата 9-та титула. Ова беше успешна сезона за Констанца ако се знае дека покрај титулата во домашниот шампионат настапија и на Фајнл фор турнирот на Ехф купот во Берлин.