Конечно и ЧСМ Букурешт малку да се израдува

По слабите изданија во Лигата на шампионите и во домашниот шампионат, по повредите на клучните ракометарки Куртовиќ и Неагу, по смените на тренерот и поделеноста на табори во тимот, конечно дојде момент за ракометарките на ЧСМ Букурешт да се израдуваат малку.

Во финалето на Купот на Романија се сретнаа големите ривали оваа сезона, ракометарките на ЧСМ Букурешт и Валчеа. Во многу неизвеесен и тензичен натпревар куп пехарот ѝ припадна на екипата од Букурешт.

За да се добие победникот не беа доволни 60 минути по кои мечот заврши нерешено 26:26 и мораше да се играат продолженија да се добие освојувачот на трофејот. Поуспешни по продолженијата беа ракометарките на ЧСМ кои остварија конечна победа со 30:29.

Во победничката екипа најефикасна беше црногорската репрезентативка Јованка Радичевиќ која постигна девет гола, а најголема поддршка и беше Омореги со шест погодоци. Во поразениот состав најдобар стрелец беше Фрага Фернандез со седум гола. Борбата помеѓу овие два конкуренти продолжува во првенството на Романија каде што по 20. кола имаат ист број на бодови, но подобар меѓусебен скор има Валчеа.