Комити не го забораваат: Во Струга ечи, Прибак мајсторе, Прибак мајсторе (ВИДЕО)

Ракометарот на Бешикташ, Немања Прибак доби поддршка за време на средбата против Целје. Додека се играше второто полувреме од последниот меч по групи на Струшкиот турнир пристигнаа навивачите на Вардар, а тие му го дадоа дополнителниот елан на ракометарот кој во минатото беше нивни миленик додека играше во „црвено-црниот“ дрес.

Од трибините имаше извици „Прибак мајсторе“, а ова секако дојде добро за него бидејќи доби и мотив повеќе за игра на теренот и покажа дека е секогаш полесно да се игра кога се има поддршка од трибините. Бешикташ на крајот се избори за реми кое беше доволно за на крајот да се игра за 5. место со оглед на тоа што три бода не беа доволни за нешто повеќе.

Ова на некој начин беше и мало изненадување за Прибак, но тој знаеше да им отпоздрави за скандирањето на неговото име така што имаше навистина убав момент на отвореното игралиште на „Женската плажа“ во Струга.