Колев и Ница отворија со победа и најавија убава сезона

Екипата на Ница, каде што тренер е Марјан Колев тргна победнички во новата сезона од најсилната лига на Франција со што покажа дека и годинава ќе конкурира за висок пласман. Победата од 29:24 против тимот на Мерињак само покажа дека се работело одлично во подготвителниот период.

Колев има посилен состав од лани така што не беше никаков проблем денеска да се забележи победа и одлично да се влезе во новата сезона.

Во составот на Ница е и голманката Јована Мицевска, но таа денеска не се најде меѓу оние 16 коишто настапија.