Козина: Натпреварот против Македонија и нејзините навивачи ќе биде пеколен (ВИДЕО)

На еден час до почетокот на натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска полека се загрева и атмосферата. И двете репрезентации во овој дуел влегуваат со свои пресметки и со желба да го продолжат победоносниот низ на Мундијалот во Данска и Германија.

Хрватските репрезентативци се едногласни дека против Македонија ги очекува ѓаволски тешка задача, но на крајот победник на балканското дерби ќе бидат токму тие. Со исто размислување е и пикерот на “коцкастите” Крешимир Козина кој за 24Ракомет ТВ ги пренесе своите очекувања за престојната пресметка со Македонија.

Целосната изјава на Козина за 24Ракомет ТВ погледнете ја во продолжение.

Македонија и Хрватска играат вечерва во Олимпијахале во Минхен со почеток од 18 часот.