Кога вербата во својата репрезентација ќе се исплати (ФОТО)

Во лудилото кое вчера го зафати Краков откако Франција и Полска останаа без полуфинале. Најсреќен секако беше еден Хрват кој имаше доволно храброст да се обложи на полуфинале за својата земја.

На почетокот на вчерашниот натпреварувачки ден, Хрватска беше далеку од најдобрата европска четворка. „Каубоите“ очекуваа изненадување и помош од Норвешка пред која стоеше огромна пречка, репрезентацијата на Франција. Но се случи чудо, младата Норвешка им одржа лекција на „експертите“ и ги отвори полуфиналните врати за Хрватска. Во последниот дуел Полска се загуби во пеколното темпо на Хрватска, а победата од 14 разлика ги вивна Хрватите во еуфорија, го направија неверојатното.

Токму таков ден за своите ракометари предвиде еден хрватски обложувач, а својата храброст и верба во националниот дрес ја валоризираше преку добитно ливче на спортска прогноза. За 20 уплатени куни (околу 6 евра), Хрватот заработи 4704 куни ( околу 600 евра).

splitcan-stavil-na-hrvaski-cudez-in-norvezane-ter-osvojil-4-704-evrov-624x351