Кликовац и Радичевиќ во составот на Драган Аџиќ

Женската селекција на Црна Гора за неколку недели ќе ги почне своите подготовки за квалификациите за Европското Ракометно Првенство кое ќе се одржи во Хрватска и Унгарија од 7 до 21 декември 2014 година. Црна Гора, во квалификациите игра против селекциите на Полска и Португалија. Во составот ќе бидат и двете ракометарки на ЖРК Вардар СЦБТ,  Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац. На списокот се 18 ракометарки. Селекторот Драган Аџиќ мораше да најде квалитетни замени за повредените Сузана Лазовиќ,  Радмила Петровиќ ,  Сара Вукчевиќ и Соња Бајрактаровиќ. Свој деби настап ќе имаат ракометарките од ЖРК Даниловград  (втор тим Будуќност). Вистински хендикеп за Аџиќ ќе биде позицијата пивот,  на таа позиција  е само  младата Ема Рамушовиќ од ЖРК Даниловград. Собирот  е закажан за 2 јуни во Подгорица.

radicevic
Фото-www.zimbio.com

Голман

Марина Вукчевиќ  -ЖРК Будуќност

Лубица Ненедиќ- ЖРК Даниловград

Ана Рајковиќ  ЖРК Даниловград

Крило

Мајда Мехмедовиќ -ЖРК Будуќност

Билјана Павичевиќ- ЖРК Будуќност

Јованка Радичевиќ-ЖРК Вардар СЦБТ

Дијана Укуќ-ЖРК Даниловград

Марија Мугоша-ЖРК Будуќност

Оливера Вукчевиќ – ЖРК Будуќност

Бекови

Милена Кнежевиќ – ЖРК Будуќност

Марија Јовановиќ – Астраханочка

Ѓурѓина Јауковиќ -ЖРК Даниловград

Анѓела Булатовиќ- РК Крим Меркатор

Јелена Деспотовиќ- МТК Будимпешта

Ванеса Аговиќ -ЖРК Даниловград

Катарина Булатовиќ- Ѓер

Андреа Кликовац- ЖРК Вардар СЦБТ

Ѓурѓина Маловиќ ЖРК Даниловград

Пивот

Ема Рамушовиќ – ЖРК Даниловград