Кисељов: Во Вардар имав премалку шанса за игра (ВИДЕО)

Дмитри Кисељов по само една година го напушти Вардар и замина назад во својата земја, но сега ќе игра во редовите на Чеховски медведи. Сезоната помината во Скопје сигурно засекогаш ќе остане во неговите сеќавања, после освоената титула во Лигата на шампионите.

Новиот клуб на Кисељов подготви видео во кое го претставува играчот. Исто така во видеото има и кратко интервју во кое тој ја објаснува причината зошто го напушти Скопје, а ги соопштува и очекувањата во новиот тим.

„Минатата сезона немав многу шанса за игра во Вардар. Во Чеховски медведи се надевам дека ќе играм повеќе и затоа направив ваков избор за нов клуб“, рече Дмитри.

Тој говореше и за адаптацијата во новиот клуб и уште еднаш напомена на незаборвниот пречек во Скопје по освојувањето на Лигата на шампионите од огромниот број фанови.

„Не морав многу да се запознавам со играчите во новиот клуб, со многу од нив се познавам од јуниорските репрезентации, а со дел од нив и од руското првенство претходно кога настапував тука. Адаптацијата беше брза“, изјави Кисељов.