Кирил Лазаров: Квалитетни и незгодни европски противници, кои бараат поголем ростер

Македонија доби квалитетни ривали во ждрепката за Светското првенство. Сите селекции кои се во групата со Македонија се квалитетни, а тоа носи и силни дуели. Репрезентативците ќе имаат голем предизвик бидејќи секој дуел ќе биде тежок.

Едноставно ќе мора да се одработи на високо ниво за да се дојде до добри резултати и да се има шанса на овој шампионат. Јасно е дека Македонија ќе има сериозни противници, а така размислува и капитенот на Македонија.

„Немавме многу среќа во ждрепката. Добивме квалитетни и незгодни европски репрезентации. Доколку не го прошириме нашиот ростер со квалитетни играчи кои ќе поделат квалитетна минутажа и одговорност не можатм да бидам голем оптимист. Уште повеќе ме загрижуваат слабите игри на Медитеранците и поразите од Турција и Египет, а во таа селекција имаме седум репрезентативци во А-составот. Ќе се обидеме да се подготвиме квалитетно и да го дадеме нашиот максимум на Мундијалот“, изјави Лазаров после ждрепката.

Ова значи дека на Македонија и претстојат помалку од шест месеци за да успее одново да ја крене формата и да покаже дека може да се влезе во силна битка со секој од противниците со кои се најдовме во групата. Противници се: Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.