Кил во потрага по нов голман

Заминувањето на Андреас Волф од екипата на Кил по крајот на наредната сезона ќе остави простор за нов голман кој ќе му биде достојна замена.

Tимот на Магдебург ги потврди информациите дека „зебрите“ се заинтересирани за нивниот голман, Дарио Квенштедт кој има договор со својата екипа до крајот на наредната сезона. Токму 28 годишниот голман на Магдебург го информирал својот тим за заинтересираноста од Кил и пројавил двосмисленост околу неговата иднина во својот сегашен состав.

Во изминатава сезона Квенштедт полека, но сигурно излезе од сенката на искусниот Јаник Грин и се наметна во составот на Магдебург со низа на бравурозни инервенции во неколкуте натпревари. Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт истакна дека му понудиле нов подобрен договор на Дарио со кој би останал во нивната екипа и исто така го изрази својот позитивен став за тоа дека сите голмани на Магдебург ќе се борат за место на голот во наредните сезони.

За разврската на ова прашање најверојатно ќе се дознае набргу, а новиот тим на Филип Кузмановски ќе ја стартува новата сезона со цел да ја обезбеди една од првите две позиции на табелата во Германскиот шампионат кои носат место во Лигата на шампионите откако претходната сезона завршија на четвртата позиција и обезбедија место само во ЕХФ купот.