Келце со нов спонзор: BMW им подари 28 автомобили на ракометарите

Келце има нов спонзор од автомобилската индустрија откако BMW ЗК Моторс стана нов партнер на полскиот тим. Тие на располагање на играчите им доделија 28 автомобили кои ракометарите ќе можат да ги користат во следните две години.

Ова е уште еден случај врвна автомобилска компанија да спонзорира ракометен тим откако Пик Сегед склучи договор со Lexus кој на сите играчи им овозможи автомобил од својот бренд. Задоволството од новиот спонзор го истакна и претседателот на Келце, Бертус Сервас.

„Годри сме што овој бренд стана наш партнер во следните две години. Играчите на Келце се професионалци кои се потполно ангажирани во клубот и тоа го прават со задоволство. Уверен сум дека нашиот нов партнер BMW ЗК Моторс исто така пристапува во својата индустрија. Автомобилите добиени од нив ќе им овозможат на нашите играчи сигурност при возењето и вистинско задоволство. BMW е врвен бренд и со години е карактеризиран со беспрекорен квалитет и внимание на секој детаљ“, рече Сервас за сајтот на Келце.

Иако се зборуваше дека полскиот тим е во финансиска криза, сепак, според овие информации за нови спонзори се чини дека успешно е надминат кризниот период.