Квалификации за СП во Катар 2015: Започнаа Пан-Американските квалификации за СП во Катар 2015 година

Во понеделник (23 јуни) во Монтевидео, Уругвај започнаа Пан-Американските квалификации за пласман на 24-то Светско ракометно првенство во машка конкуренција во Катар 2015 година.

Девет репрезентации ќе влезат во трката за освојување на Пан-Американската титула, од кои само три ќе успеат да обезбедат пласман на СП во Катар во Јануари.
Репрезентациите на Бразил и Аргентина кои важат за фаворити во овие квалификации, во преелиминарната рунда ќе бидат сместени во две различни групи. Најрано ќе можат да се сретнат во полуфиналните натпревари.

Репрезентацијата на Аргентина која е и бранител на титулата ќе се натпреварува во групата Б заедно со репрезентациите на Чиле, Гренланд и Мексико, додека пак Бразил кој беше победник во 2010 и 2012 година, ќе игра во групата А заедно со селекциите на Америка, Венецуела и Гватемала и Уругвај.

Двете првопласирани репрезентации од двете групи ќе се сретнат во полуфиналето.

Прелиминарните натпревари завршуваат на 27 јуни, по што на 28 јуни се играат полуфиналните натпревари и натпреварите за пласман. Во недела, на 29 јуни ќе бидат познати трите репрезентации кои ќе патуваат на СП во Катар.

Први одиграни натпревари:

Аргентина- Гренланд 33-20
Чиле-Мексико 34-18
Бразил-Америка 28-17
Уругвај-Гватемала 36-19