Квалификации за ЛШ: Драма во Лајпциг, Подравка убедливо против Раднички

Со денешните финални натпревари познати се тимовите кои обезбедија место во ЛШ. Во Групата А се приклучува германската екипа Лајпциг, додека во Групата Б се приклучува Подравка од Хрватска.

Дуелот меѓу ФТЦ – Лајпциг помина драматично, а по изведувањето на пенали Лајпциг е последниот патник во најквалитетното натпреварување. Натпреварот меѓу ФТЦ – Лајпциг заврши сo 38 : 39 ( 34 : 34 , 28 : 28 , 15 : 14). Во дуелот за третото место победа издвои екипата на Далфсен  против белоруската екипа Минск со 30 : 27 ( 14 :15).

Во квалификациската група 2 во Крагуевац екипата на Подравка не дозволи изненадување и убедливо го совлада Раднички со 28 : 24 ( 14 : 12).  После неочекуваниот вчерашен пораз данската екипа на Митјиланд  предводена од Хеле Томсен  денес го освои третото место со победата која ја забележа против скандинавскиот ривал Бјасен 28 : 24 ( 15 : 11)