Квалификации за ЕП Полска 2016: Норвешка ја изненади Хрватска!

Денеска на програмата од квалификациите се играа три дуели со предзнак Скандинавско-Балканска пресметка во ракомет. На мегдан се појавија Норвешка и Хрватска, Словенија на гостувањето во Шведска и Исланд против Србија.

За Хрватите секогаш квалификациите се дел што се очекува да се изоди кон Европскиот или Светски турнир, каде популарните ‘каубои’ секогаш атакуваат на медал. Новиот селектор Бабиќ пристапи со сиот свој авторитет стекнат во Брест Мешков(каде воедно си поднесе оставка за да се фокусира на настапите на националниот тим на Хрватска) кон новата задача од која целата хрватска јавност очекува нови успеси и на оваа генерација хрватски ракометни виртуози.
Првото полувреме не донесе насмевка на лицето на новиот селектор на коцкестите, а причина беше едноставна, домаќинот во ДНБ арената во Ставангер ја контролираше играта и резултатот. Слабата одбрана на Хрватска придонесе за негатива од -4(17-13 за Норвешка) по првите триесет минути.

Во вториот дел, со многу поангажирана игра, хрватските ракометари постепено го намалуваа водството на Норвешка (19-16 и 20-18). Одличениот напад, но и препознатлива игра во одбрана веќе по првите 10 минути во вториот дел дадоа резултат, за 20-20 на семафорот. До крајот на натпреварот се играше гол за гол, а Норвежаните држеа предност од 1-2 голови. Во последниот напад Степанчиќ беше ракометарот кој ја одлучи судбината на Хрватите, по неговото промашување на 10 секунди до крајот, Норвежаните се радуваа на победа од минимални 27-26.
За Хрватите и новиот селектор Бабиќ после ова големо изненадување вечерва следува длабока анализа и макотрпна работа.
Дуото крилни ракометари на полскиот шампион Киелце, Чупиќ со пет и Штрлек со четири погодоци беа најпрецизни за гоститр, додека кај Норвежаните Хансен и Сагосен постигнаа по пет голови.