Квалификации за ЕП во Полска 2016: Белорусија без решение за брзата Данска

Извонредно значаен дуел особено за белорускиот состав предводен од браќата Рутенка. Натпревар кој беше одигран во Минск, во арената „Чишовка“.

Во почетниот дел, после водството од 3-2 Данците со пресврт и серија од 5-1 создадоа предност од три разлика 4-7. Силниот гостински состав на полувремето замина со предност од 12-17. На почетокот од вториот дел се играше гол за гол. Во средината од вториот дел разликата достигна +8 во корист на силниот скандинавски состав, 17-25 и 18-26, притоа Сергеј Рутенка со 7 и Каралек со 5 голови се обидуваа да ин парираат на расположените Хансен, Кристијансен и Мортенсен.
Во 45-та минута на семафорот стоеше 20-28. Додека во 52 минута за прв пат селекцијата на Данска достигна двоцифрена разлика. Победникот веќе беше познат, а најефикасни на теренот беа: Мортенсен (9) кај гостите и Рутенка(10) во репрезентацијата на Белорусија.