Катар станува фактор во машкиот ракомет: Даниел Шариќ последната ѕвезда во репрезентативниот дрес на катарците

Се започна со Валеро Ривера и неговите визии за ракометот и предизвиците кои ги носи. Катар ја препозна желбата на шпанскиот стратег да го достигне врвот, без разлика на своите можности.
Прв ледот го проби поранешниот чувар на мрежата на Црна Гора, Горан Стојановиќ кој стана првиот „катарец“ со настап во бундеслигата, потоа следуваше нова бомба во името на поранешниот ракометар на Металург, Жарко Марковиќ, но последната аквизиција на федерацијата на Катар одекна триумфално во ракометна Европа. Голманот на Барселона и поранешниот босански репрезентативец Даниел Шариќ ќе биде новиот „катарец“ во нивната национална селекција.
Катар на неколку месеци пред почетокот на Светското првенство, веќе се наметнуваат во групата на фаворити на ова големо натпреварување.