Катарина Булатовиќ: Вардар е многу посилен од минатата сезона!

Пред првиот натпревар во ЛШ кој во недела од 19:00 часот ќе го одигра против нашиот шампион Вардар, екипата на Будуќност одржа прес конференција на која ги изнесе своите очекувања за престојниот натпревар. Новото засилување за црногорскиот шампион, и еден од најдобрите десни бекови на светот Катарина Булатовиќ вели:

Минатата година Вардар играше во полуфиналето. Оваа година клубот се засили со одлични ракометарки на позициите на кои им беа потребни. Ангажираа ракометарки кои можат да шутираат од надворешните позиции. Тоа е квалитетна екипа, одлично покриена на сите позиции и многу посилна за разлика од минатата сезона.
Но тоа не треба многу да не интересира, ние треба да ја играме нашата игра, и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе во овој момент.Првиот натпревар е најтежок, но и мотив повеќе на самиот почеток да докажеме колку вредиме.

Милена Кнежевиќ (ракометарка на Будуќност):

Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот во недела, а уште повеќе ми е драго дека првиот натпревар е против еден од фаворитите за освојување на титулата. Долго се подготвувавме за овој натпревар, и сигурна сум дека ќе дадеме се од себе. Верувам дека ќе одиграме најдобро што знаеме и дека ќе забележиме победа.