Карабатиќ им порача на Хрватите: Сега нѐ нема, можете до крај…

Хрватска се пласираше во полуфиналето, и ги изненади Франција и Полска кои важеа за главните фаворити за висок пласман. Во најлудите комбинации не беше дека Хрватска ќе го совлада домаќинот, а не со повеќе од потребните 11 голови предност. Но сето тоа е историја, Франција ќе се бори за петтото место, а нивниот најдобар поединец Никола Карабатиќ за угледниот хрватски весник „Спортске новости“ истакна:

Не верував искрено, мислев дека е грешка кога во хотел го видов резултатот. Мислев дека е 4, бидејќи 14 не ми беше ни на крај на памет. Навистина неверојатно, не паметам дали такво нешто некогаш се случило. После сè Хрватска може сè, но искрено мислам дека Шпанија е благ фаворит, единствена селекција која беше фаворит и опстана до полуфиналето. Но ете, на Европското првенство се случуваат чудни резултати кои не можат да се предвидат и ја не гледам зошто Хрватска не би отишла до крај. Нас не нема тоа е најважно.

Оригиналната статија можете да го прочитате на следниот линк