Како Урбан Лесјак ја спушти „ролетната“ во Прешов (ВИДЕО)

Голманот на Целје, Урбан Лесјак имаше неверојатен ден на средбата против Татран Прешов. Тој беше главниот виновник што вчера тимот од Словенија славеше на гостувањето со 26:25.

Лесјак го заврши мечот со 14 одбрани, но повеќето од нив беа во клучни моменти. Оттаму заслужено беше играч на натпреварот и еден од ракометарите кои ќе конкурираат за играч на колото во СЕХА-лигата.