Како Милосављев ја одбрани Србија од налетот на Белгија (ВИДЕО)

Новиот миленик на навивачите на Вардар, Дејан Милосављев денеска им покажа и на своите фанови во Србија зошто толку брзо ги освои срцата на приврзаниците на „црвено-црните“.

Тој доби шанса во завршницата од натпреварот против Белгија и со неговата одбрана репрезентацијата на Србија дојде до бод против Белгијците. Милосављев средбата ја заврши со три одбрани, но последната беше многу вредна бидејќи покрај тоа што ја спаси Србија од срам против Белгијците зачува и бод во натпревар во кој можеше да се случи сè.

Во видеото во продолжение можете да видите како изгледаше последната минута на средбата во Зрењанин, каде е и одбраната на Милосављев после шутот на Ќерими.