Како Вардар го „збриша“ Мешков – сè во 4 минути (ВИДЕО)

Ако не сте го гледале натпреварот од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар и Мешков, еве ви шанса да ги видите најдобрите акции, одбрани и шутеви. Мечот заврши со триумф на Вардар од 31-23 (17-14) што е трет триумф по ред за „црвено-црните“ сезонава во регионалното натпреварување.

Лидер на стрелците во тимот на Вардар беше Вуко Борозан со шест гола, додека Чупиќ петпати погоди во голот на гостите. Арпад Штербик кој бранеше во второто полувреме запре осум удари од игра и еден од пенал со што помогна во создавањето на високата предност. Кај гостите голманот Раде Мијатовиќ забележа десет одбрани, а по пет гола имаа Растко Стојковиќ и Сергеј Шилович.