Како „африканскиот Вардар“ ја прослави титулата? (ВИДЕО)

Десет африкански тима во изминатите десетина дена се бореа за титулата во африканската Лига на шампиони. По 12-ти пат освојувач на пехарот е тимот на Замалек од Египет на првенството кое се одржуваше во Капе Верде.

Замалек во финалето беше подобар од Спортинг Клуб, уште еден египетски претставник, со 33-31, иако на полувремето имаше негатива од 14-17.

Освојувачот на титулата во Каиро беше пречекан од многу навивачи, а уште на аеродромот имаше лудо славје, играчите беа на рацете на навивачите, нешто слично како што беше со пречекот на вардарци во Скопје.

Погледнете…