Кавадарчани на шопинг во Неготино: Коцев го засили Тиквеш

Тимот на Тиквеш од Кавадарци во новата сезона од прволигашката конкуренција влегува со зголемени амбиции за пласман во елитата.

Кавадарчани главно ќе го имаат истиот ростер од ланската сезона, бидејќи заминaа само Мартин Димовски во КЛ7 и Мартин Петров во Алушовски, додека веќе се познати две нови засилувања.

Станува збор за повратникот во екипата, Ристе Окардов, кој лани играше за Вардар Неготино, додека од истиот тим доаѓа најдобриот стрелец на неготинчани, левото крило Димитар Коцев.