И поранешниот Светски првак директно на Мундијалот во Египет

Репрезентацијата на Франција не успеа да дојде до титулата на Светското првенство, но затоа нема да има проблеми околу пласманот на следниот Мундијал.

На следниот Мундијал ќе учествуваат вкупно 32 репрезентации, а ИХФ има право да додели две валјд-карти на репрезентациите. За да се олесни задачата на селекцијата со најмногу трофеи на Светските шампионати и да не треба да игра бараж ИХФ една од пропусниците ја додели на Французите.

Според тоа Европа доби веќе двајца учесници на шампионатот, па покрај Египет таму се и Данска и Франција. Инаку, предвидено е од Европа преку квалификации да се пласираат вкупно девет репрезентации, а директно место ќе има и за европскиот шампион од првенството кое ќе се одржи следниот јануари.