И на 47 години не му е доволно ракомет, ќе игра уште!

Легендарниот шпански голман Хозе Хавиер Омбрадос ќе помине уште една сезона на голот на Гвадалахара во првенството на Шпанија. Тој има 47 години, но се уште не се одлучува да стави крај на кариерата. Од Гвадалахара објавија дека ветеранот на нивниот гол го продолжи договорот за уште една сезона.

„Голема чест за мене е што ќе продолжам да играм на највисоко ниво. Среќен сум што ја продлжувам мојата кариера во клуб кон кој имам посебна љубов. Реков дека ќе играм до 50 години. Сега полека се доближувам до целта од година во година“, рече Омбрадос.

Трофејниот голман за започна својата кариера во 1990 година. Тој е рекордер по настапите во првенството на Шпанија каде што веќе има преку 700 настапи. Има освоено речиси сè што може да се освои во кариерата и со клубовите и со репрезентацијата на Шпанија.