ИХФ му дава правна рамка на случајот „Австралија“: Нови правила за Светските Првенства и Олимписките квалификациски турнири

Скандалозна беше одлуката ИХФ да ја исклучи Океанија од Светското Првенство, но уште поголем шок беше доделената вајлд-карта на Германија како неоснована и нелогична.
Светската куќа на ракометот со цел да ја поправи сликата која ја остави пред Светското Првенство во Катар, на конгресот на членовите на ИХФ донесе неколку заклучоци и одлуки со кои во иднина на легален начин ќе оневозможи учество на претставник од „неатрактивната“ Океанија на големите случувања.

Како што пишува францускиот портал „Хендњуз“, се разгледуваат новите правила со кои за да се учествува на Светско Првенство, најважен параметар е квалитетот на селекцијата. Во случај способноста за натпреварување да биде доведена во прашање и доколку разликата помеѓу земјата и останатите селекции е голема, одборот на ИХФ го задржува правото да го додели местото на земја која ги исполнува натпреварувачките норми за да го зацврсти и заштити имиџот на Светското Првенство на ИХФ. Во овие ситуации, потребно е да се изврши темелна анализа од стана на Комисиите во рамките на ИХФ.

ЕХФ како можно решение предложи турнир (сличен на Фајнл Фор) помеѓу најдобрите селекции кои не се директно пласирани од Африка, Азија, Пан-Америка и Океанија. Со тоа би се овозможила шанса претставник од Океанија да дојде до место на Светското Првентсво врз база на спортските перформанси, бидејќи победникот од тој турнир ќе добие шанса да игра на Светското првенство. Моментално нивото на репрезентациите од Океанија е далеку под она на останатите региони, што практично би значело дека Светските Првенства ќе останат без претставник од Океанија.

Што се однесува до Олимписките игри 2016, Океанија би можела да настапи на игрите доколку исполни одредени норми и услови.
Потребно е да се создаде Континентална Федерација на Океанија, која веќе е формирана. Треба да се одржи квалификационен турнир за Океанија, а победникот на турнирот ќе учествува на Азискиот квалификациски турнир, кој ќе се одржи во Октомври 2015. Претставникот на Океанија мора да се пласира на едно од првите четири места за да се стекне со право на учество на Олимписките игри.