ИХФ ги откри кандидатите за организација на Мундијалите во 2025 и 2027 години

Светската ракометна федерација ги откри кандидатите, односно земјите што испратиле писма на интерес за организација на Мундијалите во 2025 и 2027 година. Годинава Германија и Данска беа организатори на машкиот Мундијал, а Јапонија во декември ќе го организира женското Светско првенство.

Во 2021 година, машкото СП ќе се одржи во Египет, додека женскиот Мундијал ќе биде организиран од страна на Шпанија. Во 2023 пак, двата светски собири ќе бидат на европскиот континент. Полска и Шведска ќе бидат домаќини на машкиот Мундијал, а Данска, Норвешка и Шведска на женскиот.

За машкото СП во 2025 година, ИХФ доби три пријави, а посебно интересна е онаа заедничката на Хрватска, Норвешка и Данска.

СП, мажи, 2025 година
– Хрватска/Данска/Норвешка
– Унгарија
– Швајцарија

СП, жени, 2025 година
– Германија/Холандија

СП, мажи, 2027 година
– Хрватска/Данска/Норвешка
– Унгарија
– Германија

СП, жени, 2027 година
– Унгарија
– Кореа

Доделувањето на организацијата на овие настани ќе се случи на следниот ИХФ конгрес во февруари 2020 година.