Исланѓанецот Дагур Сигурдсон нов селектор на Германија

Актуелниот тренер на Фуксе Берлин, исланѓанецот Дагур Сигурдсон (41) е нов селектор на Германската репрезентација. Два месеци беше отворено прашањето кој ќе го пополни испразнетото столче во Германската репрезентација по заминувањето на Мартин Хорбејгер, а одлуката падна токму на исландскиот тренер.

Сигурдсон покрај тоа што е тренер на Фуксе Берлин, има искуство и како селектор на Австрија од која успеа да направи респектабилна европска репрезентација. Со екипата на Фуксе Берлин има одлични резултати успевајки да стигне до Фајнл 4 на ЕХФ Лигата на шампионите, освојувач е на германскиот куп, а учествуваше и на Фајнл 4 турнирот на ЕХФ купот.