Исланд ја среди Турција и го завери пласманот на Европското првенство

Репрезентацијата на Исланд го завери второто место и директниот пласман на Европското првенство совладувајќи ја Турција со убедливи 32:22. Момците предводени од Гунар Магнусон не видоа поголема мака и лесно дојдоа до висока победа.

Имаа контрола низ текот на целата средба и од стартот се виде дека ќе обезбедат голем триумф. Турција немаше поголеми шанси против мотивираните Исланѓани. Тие требаше да победат за да влезат помеѓу четирите најдобри третопласирани селекции кои обезбедуваат место на Европското првенство.

До такво нешто репрезентација како Турција не стигна против една од најдобрите европски ракометни селекции, посебно не ако игра на гости.

Среќата пак, ја имаа Босанците. Тие на гости остварија минимална, но важна победа против Чешка со што обезбедија пласман на Европското првенство. Славеа со 25:24 со што како третопласирани од својата група влегуваат на големото натпреварување.

Гледачите видоа вистинска драма. Се играше изендачено, а гол на Босанците на триесетина секунди до крајот ги реши дилемите. Чешка имаше шанса да изедначи, но не погоди од својот напад и загуби.