Искуството на легендарниот Врањеш наскоро ќе добие печатено издание

Следејќи го трендот на успешните спортисти, една од најквалитетните ракометни личности, Љубомир Врањеш одлучи да ја пренесе својата успешна кариера како ракометар и тренер на хартија. Биографијата за Врањеш ќе ја пишува шведскиот писателски тандем Кристијан Албинсон и Емил Шалин.

Само неколку недели откако му беше понуден договор за издавање на книга, поранешниот централен бек на шведската репрезентација и тренерот кој ја освои Лигата на шампиони минатата сезона, преку социјалните медиуми обелодени дека и официјално прифатил. Тоа ќе биде прво такво искуство за 40 годишниот Врањеш кој истотака имаше извонредна кариера како активен играч. За германските медиуми, Врањеш потенцира дека сака со своето искуство да ги инспирира младите:

„Се надевам дека мојата приказна ќе ги мотивира луѓето да ја креираат патеката на нивните животи кон позитивна насока.“