ИНТЕРВЈУ НА ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ ЗА 24РАКОМЕТ ТВ: Македонија има добра ракометна иднина, само треба работа! (ВИДЕО)

Македонското репрезентативно крило пред две години се одлучи да започне интернационална кариера, а веќе неколку месеци успешно настапува во составот на ЦСМ Букурешт. Откако Металург го профилираше како ракометар, Гоце Георгиевски одлучи дека е време да ја насочи својата ракометна кариера надвор од границите на Македонија. За да се изгради како личност, да го подигне ракометното ниво и да го заврсти карактерот тој својот пат го започна од силната француска лига и составот на Тулуз. Одличните партии во дресот на „фениксите“ му овозможија на почеток на оваа сезона да започне ново ракометно поглавје во Романија, како дел од составот на ЦСМ Букурешт.

За својот ракометен пат, состојбите во ракометна Романија, македонската репрезентација и иднината на македонскиот ракомет Гоце Георгиевски говореше пред објективот на 24Ракомет ТВ.

Во продолжение можете да го погледнете целосното интервју.