Изненадувачки пораз за Лазаров и Темишвар

По победата во Купот на ЕХФ, ракометарите на Поли Темишвар се вратија на домашните обврски во романскиот шампионат. Тимот на Перо Милошевиќ неочекувано загуби на домашен терен од тимот на Дунареа Калараши со 25:24.

Филип Лазаров постигна 4 голови од 7 обиди, од кои 1 беше од пенал, а најефиксен беше поранешниот вардарец Марко Симовиќ со 6 голови. Голманот Златко Даскаловски доби две минути исклучување во финишот на мечот.