Извлечени квалификациските групи и во машка конкуреција за пласман во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампиони

Предмалку во Виена беа извлечени и квалификациските групи во машка конкуренција за пласман во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Групата 1 ќе биде доста интересна бидејќи три СЕХА екипи ќе се вклучат во борбата за пласман во групната фаза. Тоа се Брест Мешков, Војводина, Татран Прешов а друштво ќе им прави екипата на Таргос Бево од Холандија која е дебитант во евро натпреварувањата.

Во групата 2 борбата за пласман во групната фаза се чини ќе се води помеѓу екипите на Мотор Запорожје и Порто. Алпла Хард од Австрија и Јуниор Фасано од Италија се останатите две екипи во оваа група.

И во групата 3, екипата на Ѕвонко Шундовски, Констанца е фаворит во натпреварите против Хаслум, Бешикташ и Хубо Хаселт од Белгија.

мажи групи

Во секоја група најпрво се игра полуфинале во кое играат првиот со четвртиот, и вториот со третиот. Победниците се среќаваат во финале по кое ќе се знае кој е патникот од секоја група во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампиони.