Изабел Гулден за 24 Ракомет ТВ: Загубивме многу во првото полувреме (ВИДЕО)

Шведска загуби во битката за бронзениот медал против Холандија, па заврши на 4. позиција. Селекцијата која што ја исфрли Македонија на патот кон Мундијалот на тој начин остана без медал.

После средбата за 24 Ракомет ТВ коментираше една од најдобрите ракометарки во светот, Изабел Гулден која вели дека работите биле рано решени иако во вториот дел одиграле многу подобар  меч.

„Премногу пропуштивме во првото полувреме. Попуштивме и Холандија не казни и направи голема разлика. Иако ги стигнавме во вториот дел, сепак, беше премногу доцна и не успеавме да се радуваме на крајот“, рече Гулден за 24 Ракомет ТВ.