Игор Чуприна со најдобра одбрана во осмото коло на Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Една од најдобрите одбрани во осмото коло од Лигата на шампионите е токму од жешкиот терен на  Јане Сандански и му припадна на противникот на Вардар во вчерашниот натпревар. Гонзало де Варгас имаше неколку клучни одбрани во последните минути од натпреварот со Вардар,а токму една од нив се најде на второто место. Летечкиот де Варгас успеа да го одбрани ударот на Шишкарев од контра напад и заслужено да се најде во меѓу најдобрите пет.

Во најдобрите пет од осмото коло се и одбраните на Уго Лаурентино од Порто и Лео Ларсон од Кристијанштад. Легендарниот Омејер беше клучен играч во мечот со Кил, а една од неговите одбрани  се најде на третото место. Приматот најдобра, му припадна на Игор Чуприна од Татран Прешов за неговата несекојдневна одбрана на мечот со Мешков Брест