Ивет Брох за 24 Ракомет ТВ: Горда сум на моите колешки, одиграа перфектно (ВИДЕО)

Холандија го освои бронзениот медал на Светското првенство во Германија, па после среброто пред две години сега има уште еден трофеј од светските собири. На дуелот против Шведска мораше да се игра без една од подобрите во тимот, Ивет Брох која поради три исклучувања порано мораше да го напушти теренот.

„Тоа беа најтешките моменти за мене. Не можев да помогнам и можев само да ги бодрам од трибините. Се обидував да викам колку што можам повеќе и на тој начин да го потрошам вишокот на енергија. Драго ми е што моите колешки се снајдоа добро на теренот и успеавме да дојдеме до победата“, изјави Брох за 24Ракомет ТВ.