Ивета Лузумова остана на тронот, по четвртипат најдобра ракометарка на Чешка

Колешката на Јована Саздовска во редовите на Турингер, Ивета Лузумова во последната сезона беше најефикасната ракометарка на тимот од Германија, а таа и на најдобрата во репрезентацијата на Чешка. Плејмејкерот на Турингер оттаму сосема заслуѓено успеа да дојде до признанието за најдобра ракометарка за последната сезона со што ја одбрани титулата која доаѓа кај неа по четвртипат во кариерата. Претходно Лузумова беше избрана за најдобра во сезоните 2011/12, 2013/14 и 2017/18.

По повод ваквото признание, искусната ракометарка не ги сокри емоциите и ги сподели со чешката ракометна јавност.

„Ова е големо достигнување за мене. Никогаш не сонував дека ќе го освојам ова признание по четвртипат во својата кариера. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене, а посебно на оние кои го поддржуваат мојот тим“, изјави Лузумова.

Во машка конкуренција, пак, наградата замина во рацете на голманот на Горник Забже, Мартин Галија. Голманот кој има 40 години по вторпат ја освојува оваа награда после 2006 година. Доминација има Филип Јиха кој осумпати беше прогласуван за најдобар ракометар во Чешка.