Ивано Балиќ останува во Вецлар и наредната сезона!

Ивано Балиќ објави дека и наредната сезона ќе ги брани боите на својот сегашен клуб Вецлар. На задоволство на сите фанови и директорот на Вецлар, тој и наредната година ќе игра во нивниот клуб.

Ивано Балиќ:

Многу сум среќен што донесов одлука да го продолжам договорот со Вецлар. Се чуствувам прекрасно тука, клубот работи професионално и сите сме како едно семејство. Мислам дека имавме добра сезона зад нас, и се надевам дека наредната ќе дадам многу повеќе за овој клуб.

Бјорн Сeп ( извршен директор, Вецлар):

За сите нас во клубот Ивано претставува божји дар. Еден период размислуваше да стави крај на кариерата, и нас како клуб ни е посебно драго што донесе одлука да игра уште една година професионален ракомет. Ивано е лидер каков што му е потребен на нашиот тим. Но тој не е само голем ракометар, туку и голем човек.