Зомимак М ги зачува клучните играчи за следната сезона! Везенковски уште една година во Струмица

По Чантурија, Младеновски и Павловски денес договорот со струмичките „рисови“ го продолжи најдобриот поединец во екипата на Зомимак М, средниот бек Златко Везенковски. По две сезони поминати во Струмица, и пласман во групната фаза од Купот на ЕХФ, средниот бек одлучи да го продолжи својот престојот за уште една сезона. Со неговиот потпис, амбициозниот Зомимак-М ги задржа клучните играчи во тимот кој ја заврши оваа сезона на третата позиција во македонското првенство и од септември повторно ќе настапува во европскиот куп.