Златна лига: Норвешка подобра од Бразил,Сираба Дембеле и Франција подобри од Данска

Репрезентацијата на Норвешка беше подобра од Бразил со 31:27 ( 13:16) на првиот натпревар од  Златната лига оваа година. Норвешка беше предводена од Нора Морк и Вероника Кристиансен кои беа најефикасни со по шест погодоци. Во репрезентацијата на Бразил најрасположена беше Ана Паула Родригез со осум погодоци.

Домаќинот Данска беше поразена од селекцијата на Франција со 19:22 ( 10:9) во корист за французинките. Сираба Дембеле постигна два погодоци , додека Алисон Пино и Амандин Лејно не настапија поради мали проблеми со коленото односно мускулот на ногата.

Фото:  S. Pillaud / Sportissimo