Загуби од Вардар, па се прости од Веспрем (ВИДЕО)

Екипата на Веспрем го загуби финалето од Вардар во Лигата на шампионите со 24:27, а покрај тоа загуби и еден ракометар кој важеше за играч во кој беше меѓу подобрите бекови во Унгарија.

Иман Џамали офиџијално нема да ја продолжи соработката со шампионот на Унгарија и ќе го напушти Веспрем по крајот на сезоната. Оваа информација, вице првакот на Европа ја пласираше на својот јутуб канал. Засега не се знае кој ќе биде неговиот следен клуб.

Унгарецот со иранско потекло веќе седум сезони е дел од Веспрем. После сите овие години реши да ја промени средината, а со Веспрем има неколку титули во првенството и во Купот на Унгарија, но немаше среќа во Лигата на шампионите бидејќи остана поразен во три финалиња.

Својата кариера ја почна во Фулад Сепахан од Иран, а оттаму се пресели во Веспрем. Преголемата конкуренција на левата бековска позиција му овозможи и престој на позајмица во Мешков Брест и Кристијанштад. Со своите 27 години има што да понуди и сигурно ќе биде дел од тим со аспирации за висок пласман и во првенството и веројатно во Лигата на шампионите.