Заврши одморот Циндриќ со прв тренинг во новиот клуб (ФОТО)

Малку подоцна од другите врвни екипи и ракометарите на Барселона ги почнаа подготовките за следната сезона. На првиот собир играчите имаа медицински прегледи и физички тестирања.

Во претпладневните часови беа тестирањата, а попладнето го одржаа првиот тренинг. На тренингот се појавија речиси сите играчи вклучувајќи ги и новајлиите меѓу кои и најголемото засилување, Лука Циндриќ. Освен Циндриќ, тука беше и новиот пикер Абел Серџо.

Единствен надвор од стројот е бразилецот Тијаго Дос Сантос, кој со својата репрезентација настапува на Пан-американските игри. Сепак, веднаш по завршувањето и тој ќе се приклучи.

Во продолжение погледнете дел од првиот ден од подготовките на Барселона низ фотографии.