Заврши ерата на Трефилов – Мартин Амброс е нов селектор на Русија!

Женскиот ракомет во Русија повеќе нема да биде ист. Од тренерското столче во националниот тим заминува Евгениј Трефилов, долгогодишниот заштитен знак на руската репрезентација.

Поради здравствени причини, Трефилов нема да биде повеќе предводник, а на негово место доаѓа актуелниот тренер на рускиот првак Ростов Дон – Мартин Амброс.

Трефилов, покрај тренерската улога во тимот на Кубан Краснодар, ќе добие и висока функција во Руската ракометна федерација. Тој ќе биде потпретседател и најблизок соработник на Сергеј Шишкарев.

Под негово водство, Русија четири пати светски првак, а два пати беше вицепрвак на Европа. Покрај репрезентативните успеси, Трефилов стана европски шампион во 2008 година со Звезда Звенигород.