ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет и понатаму дава таленти

Еден од ретките клубови од Источна Македонија, од година во година се помоќно се справува со опстанокот како на финансиски така до играчки план. Пофалбите одат на сметка на сите лица кои се ангажирани во и околу клубот, ракометарките како и нивните најверни подржувачи.

Иако е тешко да се опстои на ракометната мапа во Македонија, клубот од Свети Николе во годините наназад давал солидни таленти кои сега ги бранат боите на младите тимови на Вардар и Металург, како и на репрезентацијата на Македонија.

13872809_1259088380769068_7918578025830286763_n

Во краток разговор за 24Ракомет, со тренерот на женскиот ракометен клуб ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет, Илија Бетувски ви ги откриваме плановите и амбициите на клубот за следната сезона.

Тренеру Бетувски, кон што се стреми клубот откако постои?

„Клубот особено внимание посветува со работата на младите категории, каде тренираат околу 70 девојчиња во различни категории  и се натпреваруваат со голем успех во младинските категории од кој погон во изминатете години и две во поголемите клубови Вардар, заминаа и со успех се натпреваруваат наши ракометарки како што се: Леонида Гичевска, Нина Ладева и Ана Иванова и Металург – Јована Владева.

Во сезоната 2016/2017 ЖРК Овче Поле – Славјански универзитет ќе се натпреварува во сениорската и пионерската конкуренција.

13934727_1311224755556208_4974227512762409150_nПомладите во чекор со поискусните

Дали имате нови засилувања во тимот за следната сезона во сениорската екипа?

Што се однесува до сениорската екипа во годинава имаме смена на генерации, кога со активно играње престанаа 5 наши ракометарки. Клубот е засилен со 4 извонредни ракометарки кој се  дојдени од ЖРК Кожувчанка (Штип) и тоа: Марија Анчева, Анита Атанасова,Драгана Стојанова, а од оваа година и голманката Драгана Мишев.“ 

Веќе неколку дена клубот ги спроведува базинчните подготовки во спортско рекреативниот центар „Пониква“ се до понеделникот, а веднаш потоа подготовките за сезоната продолжуваат во Свети Николе.

13887091_1259089024102337_3818671715751073450_n

За крај кажете ни кои се амбициите на клубот за понатаму?

Амбициите на клубот, со оглед на тоа дека се работи за сосема подмладена екипа и ограничен буџет , е да се се натпреваруваме што е можно подобро со конкурентските екипи оставајќи солиден впечаток. Сакам да нагласам дека клубот е отворен за соработка со сите ракометарки кои сакаат да дојдат и да ги покажат своите квалитети на терен како членови на нашиот клуб. “

 

фото: ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет / фејсбук страница