Жвижеј му пресуди на европскиот првак, Вардар останува осамен на врвот

Во рамките на единасетото коло од Лигата на шампионите, Киелце гостуваше во Словенија и во драматичен финиш кој заврши со погодок на Жвижеј, забележа пораз со резултат 34-33. По вечерашниот резултат, македонскиот шампион Вардар останува осамен на врвот на групата Б со 16 бодови, еден повеќе од Рајн Некар Ловен и два повеќе од Киелце.

Актуелниот европски првак ја имаше контролата во текот на првите десет минути на гостувањето во Словенија. Највисока предност од 4 погодоци имаа ракометарите на Киелце во 14та минута, по што следуваше серија на домашните ракометари Целје со која го свртеа резултатот во своја полза 15-13. Сепак, актуелниот првак успеа да ги консолидра своите редови и повторно ја врати сигурноста во свои раце и замина на пауза со позитива од 3 погодоци 19-16.

Бомбач донесе високи 6 разлика за Киелце на стартот на вториот дел 16-22, а Биелецки дополнително ја зголеми разлика на 25-16, по само 8 минути игра во вториот дел. Сепак Целје не се предаде и успеа да ја стопи предноста на поквалитениот противник, а со погодокот на Зарабец во 52 минута намали само на еден погодок негатива 29-30. Расположениот за игра, Мачковшек со голот број 9 конечно го изедначи резултатот на 31-31. Следуваше драматичен финиш во кој домаќинот имаше повеќе концентрација и со погодок во последната секунда на искусниот Жвижеј стигна до триумф над европскиот првак 34-33.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Мачковшек со 9 погодоци, додека Зарабец постигна 7. Во таборот на поразената екипа Биелецки и Агинагалде постигнаа по 6.